Вести Македонија

Тасева во „Топ тема“: Имаме стратегии за реформи во правосудството и борбата против корупција кои не се спроведуваат

Очигледно е дека станува збор за слабост во владеачкото мнозинство, затоа што немаат стабилност да застанат и да поведат одредена реформа и да ја спроведуваат онака како е замислена, истакна Слаѓана Тасева, претседателка на „Транспаренси Интернешнл Македонија“, во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Има стратегија за реформа на правосудството, но таа стратегија не се спроведува. Има стратегија за борба против корупција која, исто така, не се спроведува. Значи ние ќе направиме документи со политики за кои што некој треба да застане и да ги спроведува. Таа очигледна слабост на владата или на власта како коалиција која има проблем да опстане како прво, а понатаму има проблем и во спроведување на реформите. Затоа што не може да се спроведе реформа без мнозинство и во самата таа коалиција“, изјави Тасева.

Таа го истакна интересот на државата, јавниот интерес, наспроти интересот на политичката партија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

„Сајанс“: Депониите во САД создаваат многу повеќе загадување на атмосферата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе