Вести Македонија Топ вести

Синдикатот на градежниците предупредува на огромни загуби за домашните компании со „безобразниот“ договор со Бехтел и Енка

Во изминатите 5 години, за прв пат бројот на вработени во градежништвото паѓа под 50 000 работници, односно за една година е намален за повеќе од 12 000, изјави претседател на Синдикатот за градежништво при ССМ, Иван Пешевски.

Голем дел и од работодавачите се соочуват со потешкотии во работата, бидејќи владата голем дел од колачот сака да даде на странските компании а не да вложи во домашните компании.

Пешевски за ова како пример го посочи, како што рече, безобразниот договор со Бехтел и Енка, каде милијарда и 300 милиони евра на неправен проект и непресметана експропријација и се даваат на странската компанија.

Доколку владата не покаже разбирање за барањата на градежниците, Пешевски најави дека тие се подготвени покрај работниците , на улица да ја извадат и механизацијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заклетва на Гордана Силјановска Давкова без претседателката да го спомне уставното име- се осврна на улогата на жените во политика

Дејан Дејан

Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња

Дејан Дејан

Инаугурацијата на Силјановска Давкова ќе се одржи денеска во Собранието

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе