Вести Македонија Топ вести

Прво рочиште за „Империја“ – обвинетите седнаа во клупа без Камчев и Мијалков кои претходно се спогодија

Бизнисменот Цветан Панделески, еден од доминантните акционери на ЗИК „Пелагонија“, сопственик на компанија Зоранчо Митревски и берзанскиот брокер Јованче Тасковски денеска седнаа на обвинителна клупа за случајот „Империја“ во која првично беа осомничени 19 лица. Иако дојдоа сите од обвинентите, денешното рочиште се одложи по барање на одбраната на Панделески со образложение дека дел од доказите не им биле доставени од Обвинителството.

Обвинителката Стефанова најави дека прво ќе ги изведува материјалните докази, вештачењата, ќе сведочат вештаци, а потоа ќе бидат повикани и сведоците на обвинителството. Неофицијално, меѓу сведоците и поранешниот обвинет во овој случај кој призна вина и се спогоди со обвинителството, Орце Камчев и уште еден обвинет во овој предмет кој исто призна вина Ненад Јосифовиќ. Камчев доби една година затвор која ја издржува во затворот во Струга, каде е и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков кој исто така призна вина и се спогоди.

Во судница дојде и оштетениата Кираца Трајковска која беше акционерка во „Фершпед“ која Мијалков и Камчев ја измамиле и ја натерале да ги продаде акциите, од кои за неколку дена заработиле околу три милиони евра. Освен Кираца, оштетена е и „Бетон Штип“, за којашто првично се тврдеше дека Камчев ја купува за да испумпува пари од неа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Балансерот мора да остане, иако е злоупотребен од сите страни – Таравари во „Топ тема“

Дејан Дејан

Дипломатската потсекретарката на САД Елизабет Ален ќе допатува во Македонија, Србија, БИХ и Косово

Дејан Дејан

Таравари во „Топ тема“: Гледам светло на крајот на тунелот за уставните измени, до 2028 година можеме да бидеме и полноправна членка на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе