Вести Македонија

Наредната недела пресуда за убиството на 16-годишното момче во Тетово

За неколку дена ќе биде објавена пресудата, откако денес во тетовскиот Основен суд заврши главната расправа на првото рочиште за случајот за убиство на 16-годишникот, чие тело беше пронајдено во реката Пена, на местото викано Бањиче.

Осомниченото женско лице кое се товари за убиство е на возраст од 17- години, поради што адвокатот, Ибраим Бајрами, кој учествува во процесот како нејзин бранител, вели дека според законот не смее да открива детали во јавноста.   

„По наредба на Судот за кривичните предмети коишто се водат против малолетници во кои жртви се малолетници не се дозволени изнесување на било какви околности за настанот на кривичните постапки“, изјави Ибраим Бајрами, адвокат на обвинетата.

Овој случај ја разбранува јавноста, кога на 22 декември минатата година, по 7-часовна потрага, во речните води беше пронајдено безживотното тело на 16-годишникот од Ново Село.

Веќе следниот ден Јавно обвинителство објави дека е осомничена 17-годишна девојка, која по вербална расправија во автомобил кај местото викано Бањиче, со предмет го удрила оштетениот во главата неколку пати, нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот. Потоа го турнала во реката Пена.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе