Вести Македонија

Мирис на изгорена гума и плин – жителите на штипско Драгоево го опишуваат воздухот додека работела фабриката САНС АГ

Живеат на село, во природа, а воздухот им мирисал на изгорена гума и плин. Вака жителите на штипското село Драгоево го опишуваат загадувањето на воздухот додека работела фабриката САНС АГ на неколку километри од нивните домови. Миланчо Томов вели дека 60-те жители, кои останале да живеат во селото неколку години до општината реагирале и барале спас од оваа фабрика во која се горат гуми за да се произведи течно гориво. Тврди дека речиси една година фабриката не работи.

Фабриката САНС АГ се наоѓа во полупустински предел, каменот на некој е испишан Пенуш и отпадна гума на него даваат насока дека овој макадам  води токму до фабриката и стрелиштето Пенуш, но продолжува и до воениот полигон Криволак. Во зимски услови да се пристигне до фабриката потребно е теренско возило.

Жителите на штипските села Драгоево, Софилари и Пенуш во овој предел во која расте само трева и трња се занимаваат со сточарство, но и со производство на житни култури. Од Државниот инспекторат за животна средина кои по вторпат побараа од Општина Штип да се одземе Б интегрираната дозвола потенцираат дека земјиштето на кое е изградено фабриката е наменето за пасишта, а во дозволата не се наведени граничните вредности на емиисии во воздух и предвидено мерење на Фурани и Диоксини, што е многу важно кога се работи за пиролиза на гума.

Директорот на државниот инспекторат за животна средина за Телма најави дека наредната недела ќе излезат со повеќе информации пред медиумите, меѓу кои и ќе соопштат на кои фирми е продавено течното гориво, кое според анализите направени во белградска лабараторија  покажале дека се работи за опасен отпад, токсичен за луѓето и околината.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

„Сајанс“: Депониите во САД создаваат многу повеќе загадување на атмосферата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе