Вести Македонија

Македонија и Бугарија – брзо известување при сообраќајни несреќни и при задржување на граѓани на граница

Бугарија побарала од Македонија создавање на брз механизам за комуницирање на конзулатите на двете држави доколку се задржат нивни граѓани на граница, додека македонската страна побара максимално брзо известување во случај на сообраќајни несреќи. Ова е резултатот на консултациите одржани меѓу двете земји на 1 март во Софија, кои денеска ги соопшти заменик-министерот за надворшени работи на Бугарија, Костадин Коџабашев.

„Особено внимание било посветено на неопходноста од информирање при задржување на граѓани од другата земја. Како конкретни случаи биле посочени случаите на задржувањето на бугарски граѓани на 4 февруари на контролниот граничен пункт Деве Баир за кое амбасадата во Скопје не била навремено информирана“, информираше Костадин Коџабашев, заменик-министер за надворешни работи на Бугарија.

Заминик шефот на бугарската дипломатија дополнително информираше дека било констатирана и потебата од усогласувањето на законите за влез на граѓаните во двете земји, вклучително и за царината, наведувајќи пример дека на 17 февруари македонската страна не дозволила влез на две лица со двојно – бугарско-македонско државјанство, со причина дека превезувале 30 книги, со различни наслови, а кои, како што рече, Коџобашев, не биле наменети за продажба.

„Во рамките на консултацијата била согледана и потребата од максимално брзо информирање меѓу државите за сообраќајни несреќи, како и помош од конзулатите, ако е тоа неопходно“, изјави Костадин Коџабашев, заменик-министер за надворешни работи на Бугарија.

На прес-конференцијата на бугарското МНР која главно беше наменета за претстојните парламентарни избори во Бугарија, сепак како тема се најдоа и уставните измени во земјава за впушивање на Бугарите во Уставот, за што од бугарскотот МНР информираа дека многу внимателно ја следат темата.

За претстојните пописи во Косово и Албанија ставот на бугарското МНР е деак е тоа исклучиво внатрешо прашање на двете земји, но оти Бугарија ќе бара секој граѓанин да го има правото слободном да се произнесе како се чуствува.

Пред само две недели потрпетседателката на Бугарија, Илијана Јотова го посети Косово каде, како што беше соопштено од мпосетата таа се сретнала со 15.000 Бугари иако во Косово официјално нема бугарско малцинство. Бугарија претходно како Бугари ги присвои и Македонците од Голо Брдо, Гора, Преспа, Кукс, Елбасан и Корча во Албанија.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

По 12 години служба, Шојгу од министер за одбрана стана секретар на рускиот Совет за безбедност

Дејан Дејан

Европол хакиран.Хакерот објави дека продава поверливи документи

Дејан Дејан

Поплави во Индонезија најмалку 37 мртви и 17 исчезнати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе