Вести Македонија

(видео)Ставен под контрола големиот пожар во општина Росоман, гореше објект на отворено со насади со марихуана

Ставен е под контрола големиот пожар во општина Росоман, гореше објект на отворено со насади со марихуана, соопштија од Територијалната противпожарна единица Кавадарци, од каде додадоа дека на самото место се четворица пожарникари на дежурство, за да ја следат ситуацијата и огнот да не се разгори повторно.

Регионалниот ЦУК Кавадарци извести дека пожарот настанал на објект на отворен простор од десната страна на регионалниот пат Прилеп – Градско, во близина на бензинска пумпа на „Макпетрол“ (во близина на село Дреново). Горел објект од тврда градба покриен со стакло (пластеници насади со марихуана).

На терен за гаснење на пожарот интервенираа Територијалната противпожарна единица Кавадарци со 15 пожарникари, три противпожарни возила, две противпожарни возила за гасење на шумски пожари и едно возило за превоз на луѓе; Територијална противпожарна единица Неготино со тројца пожарникари и едно противпожарно возило; Јавно претпријатие „Комуналец“ Кавадарци со три цистерни и тројца вработени; „Еуро Никел“ со еден вработен и едно противпожарно возило. Зафатена била површина од околу еден хектар.

Пожарот е ставен под контрола, соопштија и од ЦУК.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе