Вести Македонија Топ вести

Со закон ќе се филтрираат грешките во учебниците

Ученици уште немаат учебници на три месеци пред распуст, а грешките во учебниците за петто одделение се исправени само во електронската форма. За тоа време, учениците се уште учат дека на исток нашата држава се граничи со Албанија, а на запад со Бугарија, како и  дека Бразил е соседна држава на САД. Монт Еверест во учебникот е со 29.035 метри надморска височина, Мртво море е 1.400 м под морското ниво, а Кина има 1.448 милијарди жители.

Тука се и бројните јазични и печатни грешки, но за нив уште се бара начин како да се исправат. Од МОН денеска се пофалија дека подготвуваат нов Закон за  учебници со кој ќе се постават рокови со за да стигнуваат учебниците во иднина навреме, но и филтри за да бидат без грешки. Го подготвуваат претставници од повеќе институции и фактори во воспитно-образовниот процес.

Иницијативата е на МОН и на Педагошката служба со единствена цел да се унапреди квалитетот на содржината на учебниците, да се намали веројатноста од појава на грешки од различна природа во содржината и да се поедностави процесот на набавка и навремена испорака до училиштата, велат од мон.

Со законот се предвидени повеќе филтри на контрола при изработка и одобрување на содржината на учебниците, но и начини за поттикнување на јавните огласи да се пријавуваат поголем број на автори со свои ракописи, како и рецензенти за одобрување на ракописите. Во новиот закон, посочуваат од министерството, ќе бидат вметнати сите конструктивни предлози што пристигнале на нивна адреса од јануари, кога јавноста беше повикана да даде забелешки и сугестии.

Нацрт-законот ќе биде испратен до владата, од каде ќе биде објавен на ЕНЕР-системот, а потоа и проследен до Собранието на финална дискусија и конечно усвојување.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе