Вести Македонија

(видео)Експертите од почетокот укажуваат на опасностите од коруптивни дејствија во постапките за изградба на коридорите 8 и 10д

Државната комисија за спречување корупција останала разочарана од одлуката на Уставниот суд да не го поништи законот за изградба на коридорите 8 и 10д, имајќи во предвид дека оспорувањето на неговата уставност било единственото нешто што можеле да го направат, рече во вечерашното издание на Вин Вин на Телма, членката на антикорупциска Катица Николовска.

Ние бевме сигурни дека принципот на загарантирано право за конкуренција, за еднаквост на сите фирми во Македонија дава толку силна основа за нешто да се промени, меѓутоа не би било умешно да се толкуваат судски одлуки. Ние ја прифативме, но како и да е времето ќе покаже кој бил во право, рече членот на ДКСК КАтица Николовска.

Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации посочи дека сличен таков закон имало и во Србија, но таму се глумело конкурентност, потенцирајќи дека тие од самиот почеток укажале на повеќе потенцијални опасности од корупција.

Скратен закон со 4 пратеници, притоа никој ниту од далеку стручен за тоа што е законот. Интересни неколку амандмани од пратеникот Балковски, отфрлени со сите можни гласови. Реакција од платформата за борба против корупција, реакција од државната комисија, се извинувам, но ексрпесно потпишување од претседателот, поекресно не сум видел до сега. И експресно објавување истиот ден во Службен весник. Не ме изненадува ова што денеска се случува. Ние во сите тие укажувања укажувавме кои се ризиците од корупција, укажувавме дека се погазуваат принципите на доброто владеење, баравме транспарентност, беше ветена од министерот Бочварски, и баравме отчетност за следните постапки, рече Филков.

Вели дека повеќе црвени светла се запалиле уште при пропаѓањето на првиот обид.

Имаме ние некои наши методологии кои што го палат црвеното светленце, и потоа кога имаме втор тендер на толкави суми, повечќе од 20 милиони евра, секогаш може многу работи да се откријат кога ќе ги споредите двата тендери. Гледате што е сменето во вториот, што било во првиот, кој учевствувал во првиот, а кој не во вториот, кои се движењата кај вфирмите што се прават, за на крајот денекса да направиме една комплетна анализа и да кажеме дека комисијата веќе го има предметот и ќе има доста работа, рече тој.

Законот може да се најде и на две места во минатогодишниот извештај на Европската комисија за Македонија.

Во нашиот извештај минатата година ЕК два пати го спомнува законот, забележувајќи дека го дерогира Законот за јавни набавки, додека во Србија точно потцртува ЕК кои точно закони и правила се дерогираат со такви „легс специјалис“. Веројатно, бидејќи кај нас тоа е од 2021 година, а тоа беше чувствителна година, па не се сакало многу да се нападне, меѓутоа стои на две места, а тоа нешто ви кажува, рече Филков.

Секоја промена на условите во тендерската документација е веќе сигнал  дека нешто се случува во позадина, смета Николовска.

Меѓутоа ако се собере сето ова, продолжување на рокот, намалување на врдносни прагови, намалување на години за потврдување на професионалност, изведувње на работи и ред други критериуми што се намалени во измената на тендерската документација се доволен аларм да се подигне знаменцето на високо ниво, да се види што е позадинта на тие промени. Уште повеќе што законот за јавни набавки е доволно широк за да обезбеди конкурентност, меѓутоа фактот што голем број на јавни постапки утврдуваат само да има регистрирана фирма, без да се гледа историскиот бекграунд на таа фирма, колку е успешна, колку вработени има е сам по себе знак дека самите псотапки се местат, се креираат за одредена фирма ги добие. Не е само овој случај, имаме 1.000 такви случаи кои што се добиени со фирма која што е регистрирана неполни месец дена, 10 дена, зошто да не биде и овбде случајот, рече таа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прв чартер лет на шпанска Ибериа на Скопскиот аеродром

Дејан Дејан

Министерот за правда Кренар Лога бара нова заклетва на Силјановска

Дејан Дејан

Претседателката на ЕК Фон Дер Лајен и со честитка и со потсетување до Силјановска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе