Вести Македонија Наука и здравје

10 отсто од популацијата има одреден степен на хронична бубрежна болест

Покачен крвен притисок – артериска хипертензија и дијабет се најчестите причини за бубрежна болест, а осум до десет отсто од светската популација има одреден степен на хронична бубрежна болест. Ваквата светска статистика укажува дека околу 150.000 граѓани на Македонија имаат хроничен проблем со бубрезите.

Во раниот стадиум, болеста е без симптоми, доаѓа тивко и пациентите воопшто не знаат дека ја имаат. Лекарите препорачуваат редовни превентивни прегледи со кои може да се открие болеста уште на самиот почеток и со тоа да се спречи нејзината прогресија.

После два дена ние на тие пациенти не може да им помогнеме затоа што нивното преживување е толку. Не можеме да кажеме почекајте месец дена туку треба да се делува веднаш, вели Душко Ѓоргиев, претседател на Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“.

Во нашата држава, бројот на пациенти кои имаат потреба од хемодијализа се движи помеѓу 1.300 до 1.600 лица, а досега во земјава извршени се трансплантации на бубрези кај 250 пациенти. Во Македонија најмладиот пациент на дијализа има само 3 години, а најстариот 90 години.

Терапија за бубрежно болни има, но пациентите одат доцна на преглед и тоа во повеќето случаи завршува фатално.

Некогаш упатувањето од матичните доктори е подоцна, а некогаш и тие самите пациенти ја занемаруваат болеста. Пример, многу пациенти со дијабет идат во крајна фаза веќе кога имаат почетна бубрежна болест и каде прогресијата малку потешко се успорува или запира, вели Александар Попоски, директор на Специјализирана болница за нефрологија Струга.

Од 2006 година, традиционално секоја година, во вториот четврток од месец март се одбележува Светскиот ден на бубрегот, под различно мото, со цел да се нагласат најголемите проблеми со кои се соочуваат пациентите со бубрежни заболувања, но и да се разговара за превенцијата. Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“ денеска го одбележа Светскиот ден на бубрегот под мотото „Здрави бубрези за сите: Подготовка за неочекувани ситуации, поддршка на ранливите лица”.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот

Дејан Дејан

Втората половина од годината можен почеток на монетарно олабавување, Народната банка препорачува да продолжи фискалната консолидација

Дејан Дејан

Маринакис: Во овој момент не сме до точка да ставиме вето, но почитувањето на Договорот е неопходен предуслов за ЕУ перспективата на Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе