Вести Свет

Формирањето на ЗСО не е приоритет на косовската влада, вели Курти

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека формирањето на Заедницата на српски општини во северно Косово, на која инсистираат западните земји, не е приоритет за неговата влада и ја повтори загриженоста дека таа ќе функционира како мини држава. Наместо тоа, Курти предлага Белград и Приштина да ги продолжат преговорите во Брисел.

Да одржиме искрени разговори во Брисел на највисоко ниво и да разговараме за сите прашања. Неопходна е целосна нормализација, но меѓусебното признавање е од централно значење. Не велам дека договорот би бил само за меѓусебно признавање, во договорот ќе има и други работи, но меѓусебното признавање ќе биде во центарот, рече Курти.

Западот, а особено САД последнава недела го зголемија притисокот врз Приштина да ја формира Заедницата на српски општини, откако Белград веќе изрази подготвеност да го прифати т.н француско-германски предлог. Американскиот амбасадор во Приштина Џефри Ховениер одржа низа средби со политички лидери, министри и претставници од цивилното општество, за да ги увери дека заедницата нема да доведе до формирање на мини држава во Косово, како Република Српска во Босна и Херцеговина. Но, Курти, кој не беше поканет на средбите, останува скептичен.

Да разговараме, да ги ислушаме сите, но не можета да барате од премиерот на републиката да ја изневери волјата на народот и државните интереси, рече Курти.

Заедницата на српски општини беше договорена во 2013 година, а деталите утврдени во 2015-та, но нејзиното формирање заглави откако косовскито Уставен суд ја прогласи за противуставна бидејќи не ги вклучувала и другите малцински етнички заедници.

Токму формирањето на оваа заедница, Србија го поставува како клучен услов за сите понатамошни договори со Косово. Објаснувањето на Србија е дека Косово мора да ги почитува обврките што ги презело со претходните договори. Став што го поддржува и меѓународната заедница.

Игор Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе