Вести Свет Топ вести

Биланс на бомбашкиот напад во Пакистан: Бројот на загинати се искачи на 44, многу повредени во критична состојба

Бројот на загинати во денешниот бомбашки напад врз џамија во полициски комплекс во пакистанскиот град Пешавар се искачи на 44, соопштија официјални лица, додавајќи дека повеќе од 150 луѓе се ранети.

Нападот, што е еден од најсмртоносните против пакистанските безбедносни сили во последните години, го изврши бомбаш-самоубиец, при што од детонацијата на експлозивот се урнал покривот на џамијата врз верниците, од кои повеќето биле полицајци.

Во момент на нападот во џамијата имало околу 300 верници. Локалните здравствени власти соопштија дека многу од ранетите се наоѓаат во критична состојба, што значи дека бројот на жртвите не е конечен.

Полициски службеник појасни дека бомбашот се разнел додека бил меѓу верниците. Не е јасно како бомбашот успеал да влезе во комплексот ограден со ѕидови во кој се наоѓа седиштето на полицијата, во зона со висока безбедност, која вклучува и други објекти на централната власт.

Сарбакаф Мохманд, еден од командантите на пакистанските талибанци, ја презеде одговорноста за нападот преку објава на Твитер, но главниот портпарол на вооружената група сè уште не се произнел за инцидентот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО: Силјановска го доби официјалното уверение дека е 6-ти претседател на својот роденден

Дејан Дејан

Се утврдуваат фактите и околностите под кои во полицијата починал Д.Д. осомничен за случајот со Данка И.

Дејан Дејан

Априлската инфлација во Албанија 2,1 отсто и понатаму најниска во регионот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе