Вести Македонија

МНР: Не постои извештај за злоупотреби при користењето на службените возила

Министерството за надворешни работи тврди дека не постои  извештај за констатирани злоупотреби при користење на службените возила на институцијата.

„Дозволете уште еднаш да потврдиме дека во Конечниот извештај за извршена ревизија на регуларност на искажаните трошоци за службените возила во МНР за период од 01.08 до 31.10.2021 год., не се констатирани злоупотреби, и оттаму нашата реакција дека таков Извештај, во кој се констатирани неправилности – не постои, се вели во денешното соопштение од МНР.

Оттаму потенцираат дека по доставувањето на барањето од ДКСК за „ад хок“ ревизија, Одделението за внатрешна ревизија изготвило ПРЕТХОДЕН ИЗВЕШТАЈ за извршена ревизија на регуларност на искажаните трошоци за службените возила во Министерството за надворешни работи за период од 1 август до 31 октомври 2021 година со бр. 58-9205/22-1 од 21 март 2022 година и оти во овој претходен извештај наведени се четири препораки по кои МНР треба да постапи во определен рок.

–Во истиот период, Владата донесе нова Одлука за начинот на користење и одржување на службените возила бр. 214 од 15.09.2021 година. Врз основа на одредбите на оваа Одлука и препораките од Претходниот извештај, донесевме ново Упатство на начинот на користење, управување и одржување на службени патнички возила на МНР број 05-11071/22-1 од 05.04.2022 година, кое што целосно е усогласено од Одлуката на Владата и препораките од Извештајот, нагласуваат од МНР.

Согласно старото и новото Упатство, Министерството, како што стои во соопштението, во континуитет се грижи за службените возила и истите редовно се одржувани, сервисирани, регистрирани и осигурувани.

–Оттука, дозволете да потврдиме дека како Министерство имаме соодветно одговорено на наведените прелиминарни констатации, по што на крајот на КОНЕЧНИОТ ИЗВЕШТАЈ јасно стои дека целосно или делумно е постапено по сите четири препораки, и особено важно дека при проверката не е констатирано дека има злоупотреба на службени возила во партиски цели, велат од МНР.

Според Министерството, како дополнителна потврда на ова тврдење, самиот Извештај на ревизијата има констатирано дека во наведениот период нема зголемена потрошувачка на гориво, напротив, има помала просечна потрошувачка искажана преку финансиските извештаи и покрај тоа што Министерството за надворешни работи немало намалени службени активности во тој период.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе