Вести Македонија

Голем број заболени, а мал број вакцинирани против рак на грло на матка

Лажно негативни ХПВ резултати. Светските студии фрлија сомнеж врз најпопуларниот гинеколошки тест. Од 20 до 40 отсто од тестираните жени во светот добиваат погрешни резултати кои можат да ги чинат живот.

Пациентите кои биле соочени со ХПВ вирусот дознаваат предоцна, во голем број случаи дури откако ракот метастазирал.

Резултатите се поразителни, алармира лекарската фела. Седумдесет отсто од случаите на рак на грло на матка се во земјите во развој – меѓу нив е и Македонија. Пандемијата дополнително ја влошила сликата, со намалување на бројот на прегледите пораснал бројот на новозаболени. Сериозен проблем останува недостигот на матични гинеколози.

Лекарите нудат неколку решенија – едно од нив е воведување на примарен скриниг, но предупредуваат на внимателност околу тестовите, бидејќи на пазарот се достапни многу, но само мал дел од нив, односно само седум се одобрени од американската агенција за храна и лекови.

Примарен скриниг ќе значи ХПВ типизација како основен скриниг, а не само кај оние што добиле позитивен пап тест.

Надлежните засега со само мал исчекор во решавање на проблемот. Воведуваат графа женско здравје во електронска евиденција на пациентките. Сите прегледи и резултати ќе бидат на едно место, од ХПВ резултатот до скринингот на дојка.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе