Вести Македонија

Со обдукција се утврдуваат причините за смртта на старицата во Струмица

Телото на 83-годишната старица која вчера попладне беше пронајдена мртва во куќа на улицата „Димитар Цветинов“ во Струмица е предадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта.

Куќата во која е пронајдено безживотното тело на старицата се уште ја обезбедува полицијата, а од ОЈО Струмица засега само потврдуваат дека е извршен увид и дека по завршувањето на обдукцијата ќе се знае дали се работи за насилна или природна смрт.

Соседите забележале дека вчера во куќата на старицата најпрвин дошло возило на Итната помош, а набргу потоа и полиција која го обезбедила местото и го забранила движењето по овој дел на улицата.

-Друго не забележавме. Ја познаваме починатата. Се работи за многу добра жена, а како починала не знаеме, велат соседите.

Инаку, како што информираа вчера од полицијата смртта на старицата била пријавена од страна на медицинските служби.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно и потопло со сончеви периоди, попладне локална нестабилност – Временска прогноза за 12.5.2024

Дејан Дејан

Бектеши: Со вакви ултиматуми од ВМРО-ДПМНЕ преговорите со ВРЕДИ ќе пропаднат

Дејан Дејан

Заев, Русковска, Спасовски на листата од 32-ца за кои Боки 13 поднесе кривична пријава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе