Вести Македонија Топ вести

Алијанса подготвена за преговори за Влада

Дојдоа во Куманово, се потпишаа за присуство на Централното Собрание, но крајната одлука дали Алијанса за Албанците влегува во Владата, му ја препуштија на Претседателството на партијата. По речиси шест-часовно заседание и различни мислења, членовите на Собранието решија дека е најдобро првите луѓе на партијата да почнат со преговорите па да донесат конечна одлука.

Таравари е дециден дека не е отворено прашањето за кадровските решенија. Пред почетокот на седницата, ги отфрли како шпекулации медиумските информации дека премиерот Ковачевски му испратил понуда за две министерски, две заменички и неколку директорски позиции. Објаснува дека уставните измени секако ќе ги поддржат, но ако влезат во Влада, ќе водат борба  против корупција и за правна држава.

Присутното членство го избра поранешниот лидер Зиадин Села за претседател на партиското Собрание. Избрани се тројца потпретседатели: пратениците Илире Даути и Елми Азири и советничката Бујаре Абази, како и секретари. Овој состав ќе ја донесе и конечната одлука: владеачка или опозициска партија.

Владеачките СДСМ и ДУИ веќе најавија дека  вратата за Алијанса е отворена. Со нејзините 8 пратеници, владеачкото мнозинство би се искачило на 72-ца, доколку во него останат Алтернатива со тројца и групата „Огнени“ со три-четворица пратеници.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија „ќе увезе“ 40.000 работници од Филипините

Дејан Дејан

Од утре нови пониски цени на бензинот

Дејан Дејан

Лога: Кога можат САД, може и Северна Македонија и Силјановска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе