Вести Македонија Топ вести

Алијанса одлучува за влегување во Влада

Дојдоа во Куманово, се потпишаа за присуство на Централното Собрание и седнаа да одлучат: дали Алијанса за Албанците ќе стане нов коалициски партнер во Владата или ќе остане во опозиција. Последен им се придружи лидерот Арбен Таравари, кој дојде во друштво на пратениците Зиадин Села и Елми Азири. Ги отфрли наводите дека има конкретен предлог од премиерот Ковачевски и најави дека одлуката ќе се донесе во денеска избраните партиски тела.

-Ќе формираме комисија со 3 до 5 члена која ќе организира внатре-партиски референдум и ќе преговара за ресори и директорски места. Ако не, овде ја затвараме оваа приказна и продолжуваме како опозиција. Има позитивни и негативни страни. До сега немаше партиски тела, а моја обврска е да им ги пренесам на членовите на Централното Собрание сите информации што ги имам, вели претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.

Таравари нагласува дека одлуката ќе биде донесена самостојно. Членството на партијата ќе биде информирано за сите разговори со други партии и претставници на меѓународниот фактор.

-Никој нема право да се меша во одлуките на Алијанса за Албанците, ниту домашен ниту меѓународен фактор. Но, ние комуницираме со нив и ни кажале дека вропската агенда треба да се протурка по секоја цена, не треба да се брза со избори…Ние сме кажале дека и како опозиција и како дел од Владата ќе гласаме за уставни измени, вели Таравари.

Вчера, дел од медиумите на албански јазик излегоа со информација дека од Владата веќе пристигнал конкретен предлог до Алијанса за две министерски, две заменички и неколку директорски позиции. Наредната недела, секојдневните контакти меѓу партиите би требало да прераснат во лидерска средба Ковачевски-Таравари. Придружувањето на Алијанса со 8 пратеници ќе го зајакне владеачкото мнозинство. Тоа ќе брои 72-ца пратеници, доколку остане Алтернатива со тројцата и групата „Огнени“ со три-четворица пратеници.

Претпладнево, конституирано е Собрание на партијата на чие чело е поставен екс лидерот Зиадин Села. За потпретседатели се именувани пратениците Илире Даути и Елми Азири, советничката Бујаре Абази и едно место се чува за Тетовскиот огранок. Секретари ќе бидат Кренар Лога и Исен Шабани.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе