Вести Македонија Топ вести

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ од Струга: Одлука за спомен обележје на Косово на кејот на Црн Дрим

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Струга реагира дека надвор од правна рамка, без минимум техничка документација и со гласање по Бадентер, мнозинството во струшкиот совет на 15-тата седница донесе одлука за поставување на спомен обележје на Косово на кејот на реката Црн Дрим.

„Без гласот на советниците од СДСМ воопшто немаше да може да се почне таа постапка“, велат од партијата со коментар дека на кејот на Црн Дрим ќе се гради споменик на друга држава, во време кога спомениците на македонските херои се сквернават и се уништуваат.

Од струшкиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека ако советниците на СДСМ сакале да искажат благодарност на Косово, тоа можеле да го направат со подигнување на споменик во Косово. Сметаат дека со ова, намерно и свесно некој игра на картата на меѓуетнички тензии.

„Секогаш кога власта ќе процени дека тоа и одговора, се потпалуваат меѓуетнички тензии“, пишуваат од општинскиот комитет на партијата во Струга.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе