Вести Македонија

ДУИ изгуби значаен дел од општините на локалните избори, целиот фокус беше врз Груби, наместо врз кандидатите, смета Беџети

Изгубивме значаен дел од општините на локалните избори, на кои Артан Груби стана неформален шеф на изборниот штаб за личен протагонизам и целиот фокус беше врз него, наместо врз кандидатите. Има најдобар пи-ар, а најлоши резултати, вели организацискиот секретар на ДУИ, Блерим Беџети во вечерашната „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Ако ги земете капиталните инвестиции, кои не може да ги кријам ниту јас, ниту било кој член на владата, тие се далеку од посакуваното и далеку од изборната програма на ДУИ, врз чија основа сме ја добиле поддршката од граѓаните. Не можеме слепо да поддржиме министри на кои им е дадена шанса од ДУИ, од Централниот совет и од претседателот Ахмети. Не покажале резултати и јас лично сам би се повлекол во таква ситуација“, рече Беџети.

Ахмети, вели Беџети, секогаш балансирал и никогаш не заземал страна во вакви ситуации во партијата.

„Факт е дека ги поддржувал министрите и во претходните влади. Во случајов не зборуваме само за Артан Груби и за Бујар Османи, зборуваме за сите членови на владата. И не тврдиме како што велиме. Ако се влезе во дебата, ние сме подготвени да слушнеме и прифатиме аргументи, ако има, кои се спротивни на нашите. Освен евроатлансткиот курс на државата, на владата за што немаме ништо спорно, ниту се разликуваме во тој дел, но во други сегменти, реално да. Ние не можеме да бараме отчет од Бочварски, бидејќи тој е член на друга партија, но нормално од Груби да бараме, бидејчи тој е прв вицепремиер. Ако знае да се пофали со нешто сработено, треба машки да ја преземе и одговорноста. Не може нешто да се покрие со фејк вест, народот, сепак, гледа“, истакна Беџети.

Според Беџети, не може да се фали само покачувањето на платите, а истовремено има ценовен шок на производите. Тој вели дека превирањата во ДУИ во последно време не се лична пресметка и ја нагласи потребата од нови, свежи, кадри за што е убеден дека на тој начин „интегративците“ ќе бидат победници на наредните избори.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот

Дејан Дејан

Втората половина од годината можен почеток на монетарно олабавување, Народната банка препорачува да продолжи фискалната консолидација

Дејан Дејан

Маринакис: Во овој момент не сме до точка да ставиме вето, но почитувањето на Договорот е неопходен предуслов за ЕУ перспективата на Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе