Вести Македонија

Алтернатива реагира на начинот на кој се водат преговорите за влез на Алијанса за Албанците во владата

Ние немаме намера да преговараме преку медиуми, како некои други партии, реагираат од партијата Алтернатива по инфомрациите кои се појавија во медиумите околу влезот на партијата Алијанса за Албанците во владата. Според порталот „Тетовасот“, партијата на Таравари добила понуда да ги преземе министерствата за правда и здравство, заедно со уште две заменички места, како и неколку директори. Од Алијанса за Албанците ниту ги потврдија, ниту ги демантираа овие инфомрации, посочувајќи дека официјалните преговори за евентуално приклучување на мнозинството сѐ уште не почнале. Но, Алтернатива има забелешки за начинот на кој се водат преговорите со Алијанса.

Имаме принципиелен став: кој има проблем, тој треба да ја поднесе цената за да си го реши проблемот. Најпроблематично во целиот овој процес е што начинот на кој се водат овие разговори, само го разводнува целиот блок партии кои се за ЕУ интеграции. Каква порака кон оние кои го поддржуваат ЕУ проектот праќа овој начин на преговори? Ако се продолжи на овој начин, останатите партии, само ќе се отуѓат од овој блок, реагираат од партијата.

Алтернатива забележува дека на тој начин не само што не се обезбедува потребното двотретинско мнозинство за уставните измени, туку и се урива кредибилитетот на „проевропските партии“.

Не сакаме да веруваме дека некој сака да го наруши про-европскиот коалициски капацитет. Кој мисли дека лесно може да ги наруши тие принципи, ќе плати висока цена.  Ние сме подготвени за сите предизвици, тврдат од алтернатива.

Алијанса размислува за ресорите правда и здравство

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Преговорите за влада на пауза, кадровските прашања за крај

Дејан Дејан

Го прекрши ли Силјановска – Давкова Уставот со ифрлањето на „Севрена“ од заклетвата?]

Дејан Дејан

Годинава скромен раст од 2, 6 отсто, Бежоска предупредува финансиските институции се уште имаат најповолни услови за позајмици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе