Вести Македонија

Понудите за надзор за изградба на коридорите 8 и 10 се отвораат денеска

Во Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПД) денеска се отвораат понудите за избор на надзор на изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10 од страна на конзорциумот Бехтел и Енка.

„Денеска ќе се изврши отварање на пристигнатите понуди, по што ќе следи постапката за еволуација на сите овие понуди, за да службите во јавното претпријатие по разгледувањето на документацијата ќе ја разгледаат комплетноста на понудите, а потоа секако ќе биде информирана јавноста“ – изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, при денешната посета на Свети Николе.

Ова е втор обид за избор на надзор за автопатските делници од коридорите 8 и 10, првиот беше неуспешен, бидејќи фирмата која се пријави на тендерот не доставила банкарска гаранција.

Градежните машини и работници на конзорциумот „Бехтел и Енка“ ќе работат  на четирите делници на Коридорите 8 и 10, а се очекува да стартуваат наредната година. Министерот Бочварски претходно изјави дека прва и најлесна делница од аспект на експропријација на земјиштетот е Гостивар-Кичево, а се очекува најдолго да трае постапката за делницата Требеништа-Струга-Ќафасан, за неа државата ќе мора да добие и мислење од УНЕСКО, бидејќи трасата поминува покрај Охридското езеро.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бектеши: Со вакви ултиматуми од ВМРО-ДПМНЕ преговорите со ВРЕДИ ќе пропаднат

Дејан Дејан

Заев, Русковска, Спасовски на листата од 32-ца за кои Боки 13 поднесе кривична пријава

Дејан Дејан

ГС на ОН изгласа резолуција со која се зајакнува позицијата на палестинската мисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе