Вести Македонија

Алијанса и БЕСА со услови за поддршка на уставните измени

Помалите албански политички партии од опозицискиот блок ги поставија своите услови под кои би поддржале отворање на Уставот и вметнување на Бугарите во него.

Велат за да дадат поддршка власта ќе мора да ги испочитува нивните барања… Од Алијансата за Албанците најавија дека во следниот период ќе презентираат пакет мерки за уставни измени кои ќе ѝ помогне на држава да функционира онака како што треба.

Со свој услов се огласија и од БЕСА од каде побараа терминот „20 проценти“ да се замени со „албански јазик“.

Од партијата велат дека очекуваат, многу порационален пристап од македонска страна во однос на ова прашање.

Ваквите ставови на партиите доаѓаат по изјавата на претседателката на чешкиот парламент Маркета Пекарова –Адамова по средбата со Џафери и Ковачевски, дека според информациите со кои располага уставните промени во земјава ќе поминат лесно затоа што како што посочи во Македонија има волја за промена на Уставот и напредок на патот кон ЕУ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе