Вести Македонија Најважни

Бесими: Прекумерниот долг ги засилува ранливостите на економиите

Сега кога светот се соочува со нова криза, во која цената на капиталот станува сѐ повисока, потребата од фискална консолидација е поголема од кога и да било, особено за земјите во развој кои имаат ограничен фискален простор. Фискалната консолидација значи конкретни политики насочени кон намалување на буџетскиот дефицит и долгот. Kога се говори за план за фискална консолидација, се мисли за мерки кои се однесуваат на намалување јазот помеѓу приходите и расходите, преку кратење на расходите и/или зголемување на наплатата на приходите. Буџетскиот дефицит може да се намали и преку засилен економски раст, кој ќе придонесе кон поголеми приходи во буџетот и помалку расходи (на пример, помалку трошоци за социјална грижа, како резултат на намалување на стапката на невработеност).

Помеѓу економистите отсекогаш постоела дискусија за ефектите од фискалната консолидација – за интервенциите на расходната и приходната страна, како и динамиката и соодветното време за спроведување на истата. Кејнзијански ориентираните критичари сметаат дека штедењето може да има големи негативни последици, особено врз краткорочниот раст, бидејќи првично води кон негативни ефекти на домашната побарувачка. Сосема спротивна перспектива има хипотезата за експанзивна фискална контракција (на пр., Giavazzi and Pagano, 1990), која вели дека со остро кратење на владините трошоци ќе се зајакне приватната потрошувачка, како резултат на намаленото владино трошење и позитивни очекувања од аспект на даночната политика во иднина. Односно, Паметна (Smart) фискална консолидација се смета кога просечниот реален раст на економијата во годината на усогласување и во следните две години е повисок отколку што бил две години пред консолидацијата.

Во услови на енергетска криза и инфлација во која се наоѓа Европа денес, а со тоа и ние, фискалната консолидација е правиот одговор во смисла на контролирање на побарувачката со цел да не се предизвика инфлаторна спирала со натамошно зголемување на очекувањата за раст на цени, а со тоа и затегнување на монетарната политика, која ќе значи повисоки каматни стапки и забавување на економскиот раст, се вели во денешната колумна на министерот за финансии Фатмир Бесими.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бектеши: Со вакви ултиматуми од ВМРО-ДПМНЕ преговорите со ВРЕДИ ќе пропаднат

Дејан Дејан

Заев, Русковска, Спасовски на листата од 32-ца за кои Боки 13 поднесе кривична пријава

Дејан Дејан

ГС на ОН изгласа резолуција со која се зајакнува позицијата на палестинската мисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе