Вести Македонија

Регистерот на карционими во државата на незадоволително ниво

Регистрацијата на карциноми во Северна Македонија е на незадоволително ниво, поради тоа сè уште не постојат конкретни податоци околу бројот на заболени лица со гинеколошки карциноми во државава.

Ова беше истакнато на денешната прес-конференцијата по повод Светскиот ден за гинеколошките карциноми, што се одржа во Деканатот на Медицинскиот Факултет во Скопје, а на која учествуваа еминентни доктори меѓу кои професорот д-р Глигор Тофоски од Медицинскиот факултет во Скопје, проф. Жан Калеја Агуис од Медицинскиот универзитет од Малта, проф. Шерон О’Тул од Даблин и проф. Клејда Харасани од Албанија.

Професорот Тофоски рече дека очигледно е потребна систематска активност со цел да се реши проблемот со регистрацијата во државава.

Калеја Агуис од друга страна, истакна дека во земјите кои се економски недоволно развиени пристапот кон ретките гинеколошки карциноми е потежок.

Стручните лица информираа дека овие болести се јавуваат повеќе кај млади жени и девојки, па дури и пред пубертет.

-Ако се работи за честа појава нерегуларни менструални периоди, вообичаено може да се смета како чест проблем и не се обрнува вмимание, но можеби тука да лежи и состојба на редок гинеколошки карцином кој може да придонесе додека да се постави дијагнозата веќе да постои ширење на карциномот, алармира Агиус.
На глобално ниво приближно 18,5 милиони жени годишно се заболени од гинеколошки карцином, а скоро на секои пет минути, згаснува живот на една жена. Според стручните лица, овие податоци се аларм за потребата од подигнување на свеста за важноста и грижата за репродуктивното и сексуалното здравје на секоја жена, како и значењето на раната дијагноза и навремениот третман на ретките гинеколошки карциноми.

Во периодот од 18 септември до 20 септември, „Македонското Лекарско Друштво“ (МЛД) и „Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари“ (МАГО), ќе бидат организатори на меѓународната работилница наменета за доктори, специјализанти и специјалисти од повеќе медицински области, именувана “Updates on Rare Gynecological Cancer: Focus on Pathological Aspects and Beyond”.

Овој настан е важен, бидејќи е можност да ги споделиме нашите извори и материјали и да учиме едни од други. Ги споделуваме алатките и знаењата за да се справиме полесно со ретките болести, истакна Шерон О’Тул.

Целта на работилницата е мултидисциплинарниот пристап, вмрежувањето и споделување на знаења меѓу учесниците.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Руската Дума го изгласа Мишустин за премиер

Дејан Дејан

Телма дознава: За 30-тина избирачки места во 5-тата изборна единица ќе има приговори од коалицијата на СДСМ и ЛДП

Дејан Дејан

Милијарда евра со ниска камата од странска влада- од каде е финансискиот пакет кој го најавува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе