Вести Македонија

Претседателот Пендаровски и сопругата присуствуваа на погребот на Кралицата Елизабета Втора

Претседателот Стево Пендаровски, придружуван од сопругата, Елизабета Ѓоргиевска, денеска во Вестминстерската опатија во Лондон присуствуваше на Државната погребна служба на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета Втора.

 

По службата, претседателот Пендаровски присуствуваше на приемот што го приреди Секретарот за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство, Џејмс Клеверли.

 

Вчера, претседателот Пендаровски во Вестминстерската сала оддаде почит на посмртните останки на Кралицата Елизабета Втора, а во Ланкастер хаус се потпиша во книгата на жалост.

 

Вчеравечер, претседателот Пендаровски во Бакингамската палата присуствуваше на приемот што за шефовите на делегациите го приреди Неговото Величество Кралот Чарлс Трети.

 

На погребната служба во Вестминстерската опатија, присуствуваа над 2.000 високи гости од целиот свет. Ѕвоната на Вестминстерската опатија биеја 96 пати на секоја минута, означувајќи ја должината на животот на Кралицата. Ова е прва погребна служба за монарх во опатијата од 18-от век до денес.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Економската директорка на Токсикологија Бесија Иљази им забранила на вработените да даваат изјави за медиумите

Дејан Дејан

МВР e дел од кампањата Амбер Алерт Европа за подигање на свеста за брза реакција при исчезнување на дете

Дејан Дејан

Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија Скопје – Крф

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе