Вести Македонија

Пензионерите од крајот на месецот ќе добиваат повисоки пензии

Согласно новата методологија која се усвои oд март 2022 година, пензионерите на крајот од месецот ќе добијат околу седум проценти покачување.Според новата методологија односно усогласувањето ќе биде 50 проценти од трошоците на живот и 50 проценти во однос на просечната плата.

Министерката  за труд и социјална политика Јованка Тренчевска информира дека некаде околу 36 илјади домаќинства се приматели на гарантирана минимална помош кои се вклучени во системот за социјална заштита.

– Системот од 2019 година во делот на намалување на сиромаштијата дава ефекти особено во пандемијата и економската криза со која се соочуваме е отворен систем којшто брзо ги вклучува сите оние коишто во одреден момент се нашле во ситуација да се материјално необезбедени. Постојат мерки и за семејства кои се со еден родител, како и за оние семејства каде имаме две, три или повеќе деца, детски и образовен додаток кои навистина вклучи многу поголем број семејства за разлика од претходниот систем кои ги ограничуваше семејствата да го примаат додатокот, рече Тренчевска.

Со новите мерки министерот за финансии и останатите министри сакаат да се погрижат за најранливите категории во пресрет на зимата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија Скопје – Крф

Дејан Дејан

(живо)Се очекува на разрешениот врховен судија Наке Георгиев да му биде определена мерка притвор

Дејан Дејан

Најмногу претставки за сексуална и родова припадност, намален е бројот на оние за национална и етничка припадност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе