Вести Македонија

Напуштени кучиња се шетаат и по градовите и во дивината каде се мешаат со волци или ловат срни и дивокози

-Јас имам посведочено како една срна беше удавена од куче кое што не следеше на терени. Додека извадив апарат да ја сликам срната, кучето ја имаше фатено и животното беше убиено, истакна Диме Мелоски од Македонското еколошко друштво (МЕД) на денешната трибина „Напуштените кучиња – закана за дивиот свет“.

Според него, како што пренесува радио МОФ, проблемот со напуштените кучиња во дивината последниве петнаесеттина години се зголемува, а кучињата вршат притисок на дел од фауната, како што се срните и дивите кози, бидејќи се создава нов предатор, напуштеното куче во дивина кое поради несовесните луѓе почнува да се потпира на своите инстинкти.

Напад од куче во Куманово – азијат од 72 килограми касна осум лица, меѓу кои четворица ученици на голем одмор

Најголем проблем според МЕД којшто лесно се припишува на кучињата всушност е предизвикан од неодговорните (или несовесни) сопственици и од системот кој не ги спроведува целосно законите. Целта е да се дојде до долгорочно размислување и изнаоѓање на трајни решенија, а заклучоците од трибината се следните:

– институциите не се еднакво информирани за проблемот и ова е нешто за кое ние можеме да обезбедуваме повеќе информации.

– Законот за заштита и благосостојба на животните не се спроведува во целост а особено кога станува збор за програмите за бездомни кучиња т.е. нивниот третман, заловување и обезбедување на прифатилишта особено во рурални средини и во општини кои немаат капацитети (а имаат одговорност).

– Најголем дел од капацитетите на невладините организации кои работат на проблематиката се сконцентрирани на проблемите со бездомните кучиња во урбаните средини (каде се повидливи и полесно детектирани).

Голем проблем се и кучињата кои се напуштени и слободно се шетаат низ градовите. Најголем дел од општините иако имаат законска обврска немаат прифатилишта. Проблемот е создаван со години, а решението е многу тешко односно за да се стабилизира состојбата за да не се зголемува бројот на напуштени кучиња треба да се изврши стерилизација на 75 % од уличните и напуштените кучиња.

Во дивината пак овие напуштени животни кои се размножуваат без контрола мора да се снаоѓаат и полека стануваат соперници на рисовите или пак се парат со волците.

Мелоски од МЕД објасни дека напуштените кучиња во дивината стануваат мршојади и доколку  наидат на плен кој веќе е уловен од рисови или волци, тие го довршуваат пленот. Во природата тоа претставува голем проблем за рисовите кои што се територијани животни и не можат да се спротивстават на кучињата и да бараат нов плен.

-Машките возрасни рисови не претставуваат проблем бидејќи мажјакот може да се снабди со плен, но проблемот е кај женките кои  пробуваат да ги прехранат своите доенчиња. Тука може да настане голем проблем бидејќи при недостиг на храна, доенчињата стануваат поподложни на паразити и не дочекуваат полова зрелост, туку угинуваат. Само 50 отсто од младите достигнуваат полова зрелост кај рисот. И кога се работи за популација која е голема како во Скандинавија или на Карпатите, популацијата може да ги издржи овие загуби, но кога се работи за популација што е екстремно мала, како што е Балканскиот рис, кој има отприлика 40-50 возрасни единки на територија на Македонија, Албанија и Косово, тоа претставува огромен проблем бидејќи секоја загуба, возменирување на рисот може да доведе по несакани последици до популацијата, истакна Мелоски на трибината.

-Забележани се и хибриди (волци и кучиња) главно во пределот на Маврово и Јасен, каде на камерата имаме видено чистокрвни волци, но и нешто што не наликува нити на куче, нити на волк и ова претставува огромен проблем, рече Мелоски.

Од МЕД предупредија и на многу случаи кога напуштените куќиња не се снаоѓаат во рурални и планински предели каде се отфрлени и гинат и не преживуваат.

Сите проблеми мора да се решаваат со почитување на законите и со строги казни за оние кои ги напуштаат кучињата и ги фрлаат или низ градовите или уште полошо во планина и во слески области.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стејт департмент: САД цврсто посветени на Преспанскиот договор

Дејан Дејан

Топ тема (13.05.2024) Таравари оптимист за уставните измени и евроинтеграциите на државата

Дејан Дејан

Балансерот мора да остане, иако е злоупотребен од сите страни – Таравари во „Топ тема“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе