Вести Македонија Топ вести

Напад од куче во Куманово – азијат од 72 килограми касна осум лица, меѓу кои четворица ученици на голем одмор

Куче од расата азијат, тешко 72 килограми, претпладнево нападнало осум кумановци, меѓу кои четворица ученици од ОУ „Крсте Мисирков“. Сите осум лица, според началникот на Хирургија во кумановската болница, доктор Радомир Гелевски, се здобиле со лесни телесни повреди и им е укажана медицинска помош, пренесува порталот сдк.мк.

Четириножниот миленик, пак, е заловен околу пладне. Немал ременче околу вратот, ниту, пак, било евидентирано во системот. Според инспекциските служби во Општина Куманово, кучето најверојатно било чувано и подготвувано за борби, но успеало да побегне од сопственикот, како и дека не покажало знаци на агресија при заловувањето.

Тројца од четворицата ученици од ОУ „Крсте Мисирков“ биле нападнати за време на големиот одмор. Напомош на децата им притрчале вработени во Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ кои успеале да го одвратат кучето од напад и врз други ученици. Жртвите велат дека со ништо не го испровоцирале напаѓачкото однесување на азијатот.

Според директорот на училиштето, Филип Колевски, децата немаат посериозни повреди, но се упатени во Скопје да примат вакцина против беснило, бидејќи во Куманово немало.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе