Вести Македонија

Во правда почнале да се борат против затворскиот туризам ден пред Сашо Мијалков да се исели во Охрид

Министерството за правда очекува од судиите предлози за тоа како да се надминат злоупотребите на законот за извршување на сакнции со т.н „затворски туризам” кој стана тренд меѓу познати осуденици кои менуваа адреси во последен момент, за казните да ги издржат во затворот во Струга, кој е од отворен тип.

Доставени се барања до сите основни судови и судови со проширена надлежност на РСМ со цел да дадат свои конкретни предлози во однос на примената на Законот за извршување на санкциите, примената на институтот условен отпуст на осудени лица, прекин  на казна на осудени лица и др. пишува во соопштението од министерството за правда.

Според правда уште на 16.06.2022 година министерот формирал работна група задолжена да работи на измени и дополнувања на Законот за извршување на санкциите.

Работната група започна со својата работа на 07.07.2022 година а на состанокот беа разгледани повеќе предлози доставени од надлежни институции. Беше утврдена и динамиката на работа на работната група а се дадоа и задолженија со цел обезбедување на податоци кои ќе бидат неопходни на работењето за следниот состанок, информираат од министерството.

Само ден подоцна на 8-ми јули, Сашо Мијалков и Тодор Мирчески, двајца обвинети за „Империја“ почнаа постапка за вадење лични карти откако се спогодија со обвинителството. Претходно истото го сторија Орце Камчев и Ненад Јосифовиќ, исто по признаена вина за мултимилионскиот криминал во предметот „Империја“. Сепак пионер на струшкиот затворски туризам е Зоран Милески Кичеец кој додека служеше предизвика несреќа кај Плетвар кога загина и млад маж.

Министерот Тупанчески уште викендов во интервју за Радио Слободна Европа рече дека една од идеите со кои би се спрчеил т.н „затворски туризам” е да се смени законот, при што „извршувањето на казната да се врзе со последните 2 години на живеалиште од пред извршување на кривичното дело“.

Последниот период петмина познати осуденици ја искоритија истата законска дупка. Зоран Милески Кичеец, Орце Камчев, Ненад Јосифовиќ, Сашо Мијалков и Тодор Мирчески. Ги користеле погодностите на законот за извршување на санкции за да ги лежат казните во единствениот затвор од отворен тип, а доколку биле во Скопје ќе лежеа во Шутка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина 13-годишно момче од Битола, причини за смртта сè уште непознати

Дејан Дејан

Кина и Камбоџа се подготвуваат за заеднички воени вежби

Дејан Дејан

Каде ќе се прегласува на парламентарните избори – ДИК одлучува за приговорите

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе