Вести Македонија

Ѓоргиев не очекува жестока дебата за периодот на Втората светска војна со бугарските историчари, за разлика од почетокот на 20-тиот век

Професорот Драги Ѓоргиев, македонскиот копретседател во мешовитата историска комисија е оптимист дека побрзо ќе биде постигната согласност меѓу македонскит еи бугарските историчари за периодот на Втората светска војна.

Но, очекува жестока дебата за крајот на 19 век и почетокот на 20 век.

Јас сметам дека тука е многу појасна ситуацијата, јас се плашам ако трае работата на комисијата во следните години, крајот на 19 век, почетокот на 20 век ќе биде многу попроблематичeн. Втората светска војна периодот е многу јасен, нема за што да дебатираме, освен ставот на Бугарија дека тие не биле окупатори туку дека биле само администратори. Постојат документи од бугарските архиви, од бугарската влада дека се подготвуваат да извршат окупација на Македонија. Искрено не очекувам некоја дебата голема, одолговлекувње, бидејќи ние тука сме на многу, многу посигурен терен. Постојат еден куп документи за нашата борба во Втора светска војна, за идеите за кои се борат Македонците. Јас тука сум прилично голем оптимист дека ќе можеме полесно да се договориме, рече Ѓоргиев.

Оптимизмот вели го црпи од фактот што тука имаат основа на која што можат да се потпрат. Ѓоргиев очекува долготрајна борба, долготрајни дебати, но токму поради тоа го прифаќа предизвикот.

Тука ја гледам нашата можност храбро да влеземе во дебата со бугарските колеги, дури сега во еден европски контекст, можеби Европа ќе се заинтересира повеќе за работата на комисијата, затоа што ако повторно заглавиме веќе Европа ќе погледне кон комисијата, и ние ќе имаме можност да го кажеме тоа пред поинаква публика, во поинакви услови и затоа јас сметам дека дијалогот мора да продолжи, како ќе се приближуваме кон поновиот период ние ќе имаме многу поголема можност да го потврдиме она што навистина постои и во историографијата и во архивите, рече Ѓоргиев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе