Вести Македонија

Пет седници на Собранието денес

Собранието денеска ќе одржи пет седници, 82-та, како и продолженија на 50-та, 57-та, 71-та и 79-та.

На 82-та седница на дневен ред се предлог-законите за ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор во врска со пристапувањето на Финска и Шведска во НАТО. Меѓу точките на дневен ред се и предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за судска служба, на Законот за јавнообвинителска служба, како и на Законот за извршување на санкциите.

На 50-та седница, треба да се разгледаат предлог-стратегијата за родова еднаквост 2021-2026, предлог-законот за лековите и предлог-законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство.

Остануваат уште две неразгледани точки од дневниот ред на 57-та седница, односно предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и предлог-законот за дополнување на Законот за репродуктивен материјал од шумски видови дрвја.

На 71-та седница се наоѓа точката за интерпелација за работата на претседателката на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците Соња Мираковска, како и повеќе предлог-закони, меѓу кои за дополнување на Законот за животната средина, за изменување и дополнување на Законот за работните односи. На дневен ред на оваа седница е и Информација за пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија 2021 година, но и предлог за кандидат за потпретседател на Собранието.

На дневен ред на 79-та седница, пак, се предлог-законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, предлог-законот за заштита на потрошувачите.

Во Собранието денеска ќе се одржи и една седница на Законодавно-правната комисија, на чиј дневен ред е една точка, односно Предлог-законот за буџети.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се утврдуваат фактите и околностите под кои во полицијата починал Д.Д. осомничен за случајот со Данка И.

Дејан Дејан

Априлската инфлација во Албанија 2,1 отсто и понатаму најниска во регионот

Дејан Дејан

Денот на културата во сообраќајот – 11 Мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе