Вести Македонија

За еден месец двојно зголемен бројот на патници на граничниот премин Богородица

Почнуваат гужвите на граничните премини. Јунските одмори граѓаните ги користат да излезат од секојдневието и да заминат на море. Пограничните служби на граничниот премин Богородица на границата со Грција велат дека за разлика од месец мај, сега во јуни протокот на патници е речиси двојно зголемен.

Уште не е достигнат врвот на летната сезона, па нема и нервозни возачи на граничните премини. Велат се минува за неколку минути.

Овој месец во работните денови за излез од државата има околу 4 000 патници, додека за викенд тој број е за 50% поголем и се движи до 6.000 патници.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денот на културата во сообраќајот – 11 Мај

Дејан Дејан

САД: Можно е Израел да го прекршил меѓународното право со користење американско оружје

Дејан Дејан

Променливо облачно и потопло со сончеви периоди, попладне локална нестабилност – Временска прогноза за 12.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе