Вести Македонија

Кнаус: Софија ќе сфати дека не може да победи, но за тоа треба време, а Скопје го нема

Ако бугарските барања поврзани со идентитетските одредници влезат во преговарачката рамка за земјава тоа ќе биде лош и опасен преседан за ЕУ смета  Гералд Кнаус, претседателот на влијателната тинк-тенк организација Европска иницијатива за стабилност. Според него, дури и да сака Македонија да направи некакви отстапки, тоа да го направи билатерално, и да не се дозволи да се стават во преговарачката рамка.

-Ако Македонија сака тоа да го направи тоа е нејзина работа, но ова за ЕУ би бил опасен преседан, бидејќи внесувате прашања кои се целосно билатерални и кои никогаш не би требало да бидат основа за ставање на вето на европско ниво. Тоа не е добро, оти може да се појават многу други прашања во процесот на проширување со останатиот дел од Балканот. Затоа сметам дека ова е лош преседан, вели Кнаус во интервју за МИА.

Тој не е оптимист дека Македонија може да ги почне преговорите со ЕУ на крајот од француското претседателство и покрај напорите на Париз и Берлин да помогнат за тргање на ветото,

– Според моето искуство од минатото со грчкото вето, со словенечкото вето на времето на Хрватска, клучот за решение е промена во дебатата кај домашната јавност, а јас не гледам дека постои таква промена во моментов во јавниот дискурс во Бугарија. Кај вакви билатерални спорови она што мора да се случи е дека земјата која гo предизвикала мора да сфати дека не може да успее. Бугарија мора да сфати дека прашањето на бугарското малцинство не е проблем. Вистинскиот проблем е дека вие немате гаранции дури и да постигнете договор за ова, поголемиот проблем е дека Бугарија, односно некои во Бугарија го проблематизираат македонскиот идентитет. Ќе дојде моментот кога Бугарија ќе сфати дека не може да победи. Проблемот е што за ова треба време, а времето е единственото што Македонија го нема, вели Кнаус

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се утврдуваат фактите и околностите под кои во полицијата починал Д.Д. осомничен за случајот со Данка И.

Дејан Дејан

Априлската инфлација во Албанија 2,1 отсто и понатаму најниска во регионот

Дејан Дејан

Денот на културата во сообраќајот – 11 Мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе