Вести Македонија Најважни

Протоколот за спроведување на договорот за добрососедство со Бугарија влегува во преговарачката рамка со ЕУ

Она што е суштински ново во преговарачката рамка на Македонија со Европската Унија, која ја подготви француското претседателство а во која имаше увид Телма, е што покрај исполнувањето на двата договори, Преспанскиот со Грција и договорот за добрососедство со Бугарија, во новиот текст децидно се споменува и имплементацијата на билатералниот протокол за спроведување на договорот со Бугарија, кој треба да го усвојат двете земји.

Француското претседателство посочува дека посветеноста за добрососедски односи и регионална соработка, треба да се потврди и преку постигнувањето на видливи резултати во имплементацијата на билатералните договори со Грција и Бугарија.

Со тоа протоколот за спроведување на договорот меѓу Бугарија и Македонија ќе биде составен дел од преговарачката рамка, едно од клучните барања на нашиот источен сосед.

Исто така, во дел од новиот текст на преговарачката рамка, во кој се споменуваат вообичаените обврски за целосно почитување на копенхашките критериуми, односно фундаменталните области на владеење на правото, судските реформи, борбата против организираниот криминал и корупцијата, се вклчучува и анти-дискриминацијата и борбата против говорот на омраза, што исто така беше едно од повеќето бугарски барања.

Борбата против говорот на омраза и дискриминацијата е дел од првиот кластер од преговорите со Европската Унија, со кој почнува и завршува процесот на преговори за секоја земја.

Ова се неколку фрагменти од предлог преговарачката рамка за Македонија. Деловите од текстот ко се болдирани се идентични со последната рамка од ноември 2017-та. Болдираниот и подвлечен текст се новите елементи, предложени од француското претседателство со ЕУ.

Истовремено, во предлог француската преговарачка рамка се наведува дека   Македонија ќе усвои преку инклузивен процес, акциски план посветен на заштитата на правата на лицата припадници на малцинствата или заедниците, помеѓу другото и во полето на недискриминацијата, борбата против говорот на омраза, образованието, воспоставување на ефективни мерки,  механизми за пријавување на случаи и препознавање на соодветните одговорни институции.

Имплементацијата на овој акциски план кој треба да го усвои нашата држава, ќе биде постојано надгледуван и предмет на редовни анализи на меѓувладините конференции во текот на целиот процес на водење преговори за членство во Унијата.

Во однос на статусот на македонскиот јазик, за кој исто така добро ги знаеме бугарските ирационални забелешки, во преговарачката рамка се наведува дека при преводот на европското аки на македонски, ЕУ ги зема предвид соодветните намери на Бугарија и Северна Македонија да донесат унилатерални декларации со кои ќе ги нагласат своите ставови за ова прашање.

Со преговарачката рамка на комисијата и се дава обврска со посебно внимане да ја следи посветеноста на Северна Македонија на добрососедските односи и регионалната соработка ,што повторно го опфаќа протоколот за спроведување на договорот за добрососедство со Бугарија.

Никола Илиевски

Линк до француската предлог-преговарачка рамка: 

Предлог-преговарачка рамка

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно и потопло со сончеви периоди, попладне локална нестабилност – Временска прогноза за 12.5.2024

Дејан Дејан

Бектеши: Со вакви ултиматуми од ВМРО-ДПМНЕ преговорите со ВРЕДИ ќе пропаднат

Дејан Дејан

Заев, Русковска, Спасовски на листата од 32-ца за кои Боки 13 поднесе кривична пријава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе