Вести Македонија Топ вести

Државната правобранителката од Струга еден од клучните сведоци на обвинителството денеска сведочеше на судењето против поранешниот судијата Мустафа Шахини од Управниот суд

Во 2002 и 2003 го сретнувала како адвокат во предмет за денационализација на земјиште на струшкото крајбрежје а  16 години подоцна се изненадила кога го прочитала неговото име како управен судија кој пресудил во корист на пораншените клинети. Државната правобранителка од Струга Надежда Ѓоревска дознала случајно од друг предмет дека таква пресуда е донесена бидејќи до правобранителството не била доставена и немале можност да се жалат. Во тој момент пресудата веќе била спроведена и во катастар земјиштето преминало од државата на приватни лица сведочеше Ѓоревска.

Ѓоревска освен што пријавила во Обвнителство во Судски совет ги алармирала и струшките нотари и судот со што била спречи купопродажба на земјиштето. Кај еден нотар веќе имало докментација за продажба. Не се сеќаваше на името на купецот. Бил од Скопје. Но адвокати од Струга и кажале дека станува збор за функционер на политичка партија кој истовремено му бил сват на екс судијата, раскажа во судница.

Шахини не сакаше да даде изјава за обвинувањата за злоупотреби на службената положба и зошто не се изземал од тој предмет.

За овој предмет обвинителството поденсе обвинение уште во декември 2019, но започна дури неодамна. Се товари и дека ја оштетил државата за 200 илјади евра. Судскиот совет го разреши Шахини во октомври 2020 година. Претходно Советот му го одзема имунитетот, но не дозволи да му се опредлеи мерка притвор.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе