Вести Македонија Топ вести

Дали Агенцијата за млади и спорт ќе премине под надлежност на министерството на Груби – денеска разговори во Влада

Дали младите ќе останат без единствената институција која е надлежна за нив по најавената реорганизација на органите на државната управа со која се предвидува Агенцијата за млади и спорт, од досегашниот статус на самостоен орган, да премине како орган во состав на Министерство за односи меѓу заедниците, ќе се разговара денеска во Владата.

Од Националниот младински совет информираа дека од Владата добиле покана за работна средба на која најавено е присуство на претставници од Министерството за информатичко општество и администрација, Агенцијата за млади и спорт и Генералниот секретаријат.

Минатата недела со отворени писма до Владата се обратија трите најголеми чадор организации во Македонија, НМСМ, Коалиција СЕГА и Сојузот за младинска работа од каде побараа да не се укине Агенцијата за млади и спорт, туку таа да прерасне во Министерство за млади и спорт.

Од земјите во регионот, Србија, Бугарија и Црна Гора имаат Министерство за млади и спорт, Министерство за благосостојба на младите и децата има во Албанија, а додека пак Министерство за култура, млади и спорт има во Косово.

Мартин Николовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО: Силјановска го доби официјалното уверение дека е 6-ти претседател на својот роденден

Дејан Дејан

Се утврдуваат фактите и околностите под кои во полицијата починал Д.Д. осомничен за случајот со Данка И.

Дејан Дејан

Априлската инфлација во Албанија 2,1 отсто и понатаму најниска во регионот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе