Вести Македонија

Стефче Јакимовски ја прекина коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Карпош

Градоначалникот на Карпош и лидер на партијата ГРОМ, Стефче Јакимовски објави прекин на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, поради како што рече притисоци, подметнувања и нарачки од еден центар.

По 99 месеци коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, морам да соопштам дека повеќе таа коалиција не може да опстои овде во Општина Карпош. Затоа што јас како градоначалник со моите години, и со моето искуство, и со мојот карактер, не можам да дозволам повеќе некој да се поигрува и со мене, и со Советот на Општина Карпош, но и со интересите на граѓаните на општина Карпош во кои што влегуваат и обични граѓани, и стопанственици, и богати и сиромашни, и од различни етнички заедници. Затоа Карпош и јас мораме да им се спротивстваиме на опструкциите, мораме да им се спротивставиме на командите од еден центар, мораме да му се спротивставиме на шпицен-градоначалникот, изјави јакимовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе