Вести Македонија

Доволен (2) за владата на испитот пред граѓаните

Владата нема да ја повторува годината. Доби доволен (2) од граѓаните. Во анкетата на МЦМС за првите сто дена работа, секој петти граѓанин рекол дека неговите очекувања не се исполнети во ниту едно подрачје.

Повеќе од половината,(58,7%) сметаат дека, во последната година им се влошил квалитетот на живот. Сиромаштијата и невработеноста се најголемиот проблем за 30% од граѓаните, а за една четвртина од нив, тоа е корупцијата и криминалот. Речиси на исто ниво се економската ситуација и иселувањето на младите.

Граѓаните не се оптимисти кога е во прашање економијата на земјата. Повеќе од половината (55,1%) сметаат дека таа ќе се влоши во следните две години. 51,8% од испитаниците сметаат дека државата се движи во погрешна насока, додека за 16,8%, насоката е правилна. Мнозинство (61,7%) се и оние кои сметаат дека во земјава нема политичката стабилност, за разлика од 35,2% кои велат дека ја има, се вели во анкетата на МЦМС.

Повеќето граѓани сметаат и дека ниту еден министер не си ја врши работата како што треба. Бујар Османи е прв на листата на тие што не работат како што треба, со 8, 2 проценти, но речиси исто толкав е и процентот на тие кои мислат дека е добар во својата работа. Иста е ситуацијата и со Оливер Спасовски, кој на двете листи е на второто место. Министерот за информатичко општество, Адмирим Алити, и на двете листи е последен.

Мнозинството, (63,7%) немаат ниту доверба во Владата.Но, и покрај тоа, нема мнозински став за предвремени парламентарни избори. Мислењата на граѓаните се поделени за тоа кој е најдобриот пат за државата. За 36,3%, потребни се предвремени парламентарни избори, додека за 30,4% излезот е во целосната мобилизација за надминување на предизвиците и формирање на широка коалиција на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Верба дека сегашната влада има сила и способност да продолжи и успешно да ја води земјата имаат само 23,3% од испитаниците.

Далиборка Дамјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

„Сајанс“: Депониите во САД создаваат многу повеќе загадување на атмосферата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе