Вести Македонија

Во Косово е одобрена четврта доза анти-ковид вакцина за постари од 60 години

Министерството за здравство на Косово објави денеска дека ја усвоило препораката за одобрување четврта доза вакцина против Ковид-19.

Како што се наведува во соопштението на МЗ, четвртата доза на вакцината е дозволена за лица над 60-годишна возраст, најмалку четири месеци по примањето на третата доза.

Одлуката доаѓа во време кога се бележи значителен пораст на бројот на заразени од Ковид-19, а опаѓа бројката на лица кои се вакцинираат.

Бројката на заразени на помалку од 100 се искачи на повеќе од 1.500.

Во вчерашниот извештај на косовското МЗ, изминатите 24 часа во целата земја се аплицирани само 78 вакцини. Вкупно досега се администрирани 1,83 милиони дози. Трета доза примиле 103 илјади, додека со две дози се вакцинирани 823 илјади граѓани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе