Вести Македонија

Ламбе Алабакоски на слобода, одземен му е само пасошот

Поп пејачот Ламбе Алабаковски, кој беше во куќен притвор, од денеска е на слобода, но нему му е одземена патната исправа, како мерка на претпазливост. Вака одлучи Кривичниот совет  на  Основниот суд во Битола , потврди за Телма адвокатот на Алабаковски,  Дарко Стефановски.  Тој е осмничен   за подметнување на пожарот во Културниот центар Ванчо Михајлов во Битола, а според полицијата го признал делото.

Настанот се случи на 4 јуни, во раните утрински часови кога Алабаковски со бензин го запали влезот  на културниот центар  по што изгоре влезната врата на објектот. Првично му беше одреден 8 дневен притвор, кој беше заменет со куќен притвор, со образложение дека постои можност за бeгство затоа што пејачот има двојно државјанство, македонско и на САД  каде живееше до неодамна. Се гони за предизвикување општа опасност по член 288 став 1 за што е предвидена казна затвор од 6 месеци до 5 години.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Борба за „пратеник-плус“ и вкупно 27 приговори за изборите поднесени до ДИК – роковите течат, набрзо ќе се одлучува

Desk

Најавата за задолжување на Македонија со  кредит од  милијарда евра за експертите е загрижувачки потег

Дејан Дејан

Борба за „пратеник-плус“ и вкупно 27 приговори за изборите поднесени до ДИК – роковите течат, набрзо ќе се одлучува

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе