Вести Свет Топ вести

Пожарот кој уби над 100 луѓе на свадба во Ирак почнал кога младоженците го играле првиот танц – преживеаните не можат да ги најдат телата на блиските

Снимките од дрон посведочат за ужасните сцени од пожарот кој свадбената прослава ја претвори во трагедија. Најмалку 114 лица загинаа, а околу 200 се повредени во несреќата што се случи во ирачка провинција Ниневија. Меѓу загинатите е и младиот брачен пар кој според очевидци не го доиграл својот прв свадбен танц. Првите извештаи покажуваат дека пламените јазици кои ја зафатиле големата сала, биле предизвикани од огномет. Роднините на жртвите скршени од тага трагаат по телата на своите најблиски.

  • Бараме, но нема ништо. Нема тела. Ги пребаравме болниците во Мосул, форензичкото одделение, но ништо. Нема тела. Тие исчезнаа, нема ништо. 
  • Брат ми и жена ми се мртви, но и две од моите ќерки се исчезнати. Го пребаравме целиот Мосул и ги објавивме нивните слики, но ништо. Се колнам во Бога, сите седевме овде, а жена ми отиде во бањата, и таа воопшто не беше изгорена, таа и брат ми воопшто не беа изгорени, туку само се задушија. Таа се задуши во бањата. 

Градските власти соопштија дека огнот се раширил со огромна брзина па присутните во објектот немале големи шанси за да се спасат. Причината за тоа ја лоцираат во евтините и лесно запалливи градежни материјали со кои бил изграден објектот. Дополнително во салата немало ниту апарати за гасење пожар… Дел од гостите во изјава за медиумите сведочат дека за време на несреќата во објектот имало околу 900 гости.

  • Повеќето од жртвите беа целосно изгорени. А некои со изгореници на телото од 50 до 60 отсто.
  • Дојдов овде во болница и по некое време ми се јавија и ми рекоа дека 22 члена од моето семејство се изгорени. Така, дојдов овде и ги барав, а откако ги најдов, беа префрлени во Мосул бидејќи нивната состојба беше критична.

Обвинителството во земјата покрена истрага за случајот, од терен се собираат докази, се идентификуваат жртвите… Персоналот на објектот е приведен и со него се прават разговори за да се утврди одговорност за трагичниот настан.

Александар Петрески

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„ Кимоно инспирации“ од влијанието на јапонската култура и традиција врз уметникот Благој Мицевски

Дејан Дејан

Трипати Мицкоски, еднаш Ковачевски, ниту еднаш Ахмети- кој беше споменат во говорот на новиот претседател Силјановска

Дејан Дејан

Едно лице загина, многумина се повредени при удар на зграда во јужна Русија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе