Вести Македонија

Новиот претседател на Алијанса за Албанците вели дека нема понуда за влез во Владата

Новиот претседател на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, по денешниот вонреден партиски конгрес рече дека политиките на партијата остануваат како и досега, а дали ќе влезат во Влада ќе соопштат откако ќе се формира Централното претседателство. Посочи дека веќе има контакти и комуникација помеѓу пратениците, но нема конкретна понуда за министерски места.

Не исклучувам можност, меѓутоа засега нема таква понуда да речам. Но, ви велам јас очекувам да се формираат партиските тела. Без тоа како да одлучува еден човек, посочи Таравари.

Таравари беше избран со мнозинство гласови, а поддршка му даде и досегашниот лидер, Зиадин Села. Партијата веќе од утре ќе се подготвува за парламентарни избори, без разлика дали редовни или вонредни.

Таравари минатиот месец се сретна со премиерот , но од таа средба рече дека не добил никаква понуда за влез во владата, но ако се случи тоа, рече дека партијата нема да ги помине црвените линии кои се неопходни за да продлжат да преговараат. Од Алтеренатива пак остануваат на ставот дека АА нема најави дека ќе стане дел од владиното мнозинство.  Според министерот за здравство, Сали кој е кадар на Алтернатива, Алијанса за Албанците сѐ повеќе се оддалечува од владините политики и затоа вели дека нема знаци на зближување со владините политики.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО: Грчката амбасадорка Филипиду ја напушти собраниската галерија за време на инаугурацијата на Силјановска

Дејан Дејан

Заклетва на Гордана Силјановска Давкова без претседателката да го спомне уставното име- се осврна на улогата на жените во политика

Дејан Дејан

Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе