Вести Македонија

Кои предмети ќе им ги додели претседателката Кацарска- новите уставни судии почнаа со мандатот

Беа 5, станаа 7, а од утре почнува последниот месец на една од нив, по што бројот ќе им се намали на 6. Тројца повторно ќе фалат. Уставниот суд се засили со двајца новоизбрани судии кои минаа во Собранието неколку дена пред највисокиот суд во државата да стане нефунционален со помалку од половина избрани судии.

-Денеска во Уставниот суд почнаа со работа новоизбраните судии Татјана Васиќ Бозаџиева и Фатмир Скендер.  Двајцата судии утрово беа примени од претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, добија работни материјали за следната седница закажана за 9 ноември.  Судиите Бозаџиева и Скендер се запознаа со вработените во службата на Уставниот суд и во наредниот период ќе им бидат распределени предмети за работа, соопштија од Уставниот суд.

Во ноември, мандатот и истекува на уставната судијка Маркудова, а Собранието треба да избере вкупно тројца. Опозицијата успеа да го одолговлече изборот затоа што сметаа дека предложените кандидати се блиски до власта, а далеку од правдата.

Во Собранието на Комисијата за избори и именувања е заглавен изборот на актулениот државен обвинител Љубомир Јовевски кој исто така е кандидат. Поради помалиот број на судии, Уставниот суд често ги одлага гласањата или расправите за важни прашања и претставки од законодавството и сомнежите за нивна колизија со Уставот.

-Уставниот суд и во оваа прилика апелира до пратениците да го почитуваат Уставот и да ги пополнат и останатите три судиски места за да може Судот да функционира во полн капацитет и да одлучува за сите предмети кои се од голема важност за државата и за граѓаните, соопштија од судот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поплави во Индонезија најмалку 37 мртви и17 исчезнати:

Дејан Дејан

Најмалку 20 демонстранти приведени во Тбилиси

Дејан Дејан

Мицотакис за одлуката на Сиљановска Давкова да не го користи уставното име: нелегална, недозволива и провокативна

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе