Вести Свет

Возач на итна помош застрелан на Западниот Брег додека се обидувал да стигне до повредените

Возач на палестинска брза помош беше застрелан во израелски оган во близина на градот Савија на северниот дел на Западниот брег.

Мохамед Муса беше убиен додека се обидуваше да стигне до повредените Палестинци во судирите со израелските доселеници, соопшти Министерството во земјата.

Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека Муса бил застрелан во градите.

Башар ал Карјути, болничарот кој бил во амбулантата со Муса, изјави дека биле изненадени од присуството на доселеници кои ги напаѓале домовите кога пристигнале во градот Савија.

„Таму застанавме да им пружиме прва помош на повредените. Армијата и доселениците отворија оган врз граѓаните, па се упативме кон горниот дел од куќите за да евакуираме дел од повредените. Ги ставивме во амбулантното возило што беше со нас и тргнаа кон Медицинскиот центар Кабалан. Меѓувреме, војската и доселениците отворија оган врз нас и директно го гаѓаа амбулантното возило.

Последната смрт доаѓа по бранот напади на доселеници минатата недела врз палестинските села.

Нападите започнаа минатиот петок, откако 14-годишен Израелец исчезна откако го напушти својата доселенички центар. Тој беше пронајден мртов следниот ден, а израелските власти соопштија дека момчето е убиено.

Тензиите се високи и на окупираниот Западен Брег.

Упадот на израелската армија во урбаниот бегалски камп Нур Шамс во кој загинаа најмалку тројца милитанти и едно 15-годишно момче продолжуваат. Милитантната група Исламски џихад ја потврди смртта на тројца свои членови.

Израелската армија соопшти дека нејзините сили убиле 10 милитанти во кампот и околните области, додека осуммина осомничени Палестинци биле уапсени.

Девет офицери и војници на израелската армија се ранети, се вели во соопштението.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Преговорите за влада на пауза, кадровските прашања за крај

Дејан Дејан

Го прекрши ли Силјановска – Давкова Уставот со ифрлањето на „Севрена“ од заклетвата?

Дејан Дејан

Годинава скромен раст од 2, 6 отсто, Бежоска предупредува финансиските институции се уште имаат најповолни услови за позајмици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе