Вести Свет

Актуелниот градоначалник на Анкара прогласи победа на изборите за главниот град

Актуелниоот градоначалник на Анкара и кандидат на Републиканската народна партија, главна опозициска партија во земјата, Мансур Јаваш прогласи победа на изборите за градоначалник на главниот град на Турција по денешните локални избори. Првичните резултати покажуваат дека тој има, речиси, 20 отсто предност во однос на ривалот од владеачкјата Партија на правдата и развојот на шефот на државата, Реџеп Таип Ердоган.

Истовремено, актуелниот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој исто така се кандидираше за реизбор, порача дека е „многу среќен“ поради првичните резултати за градоначаник на најголемиот град во Турција, врз основа на 40 отсто од преброените гласачки ливчиња.

Турската телевизија НТВ претходно соопшти дека Имамоглу има поддршка од 49,09 отсто од гласачите по 3,67 отсто обработени гласачки ливчиња, пренесе „Ројтерс“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе