Вести Македонија

Струмица е најзагаден град во Македонија – извештај на швајцарската компанија IQAir

Загадувањето не смее да стане само зимска тема, апелираат струмичките еко-активисти. Тие се загрижени од пoследниот извештај на Швајцарската компанија IQAir, според кој Струмица е најзагаден град во Македонија. Тие бараат да се спроведат итни краткорочни мерки кои и постепено подготвување за змиската сезона.

Струмица се наоѓа во котлина што го отежнува справувањето со аерозагадувањето. Активистите бараат државата заедно со општината да спроведе стратегија за поттикнување за замена на греењето во домаќинствата и индустриските капацитети.

Струмица е гасифицирана со виртуелна гасификација речиси 12 години. Сепак, транспортот на компресираниот гас од Бугарија до Струмица сè уште го прави скап овој енергенс за голем број на домаќинства. Решението за кое одмана се зборува, но уште не е спроведено е приклучување на Струмица кон националниот гасовод.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња

Дејан Дејан

Инаугурацијата на Силјановска Давкова ќе се одржи денеска во Собранието

Дејан Дејан

Истече преодниот рок за почеток на примената на одлуката за укинување на динарот на Косово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе