Вести Свет

САД одобрија продажба на 246 ракети „Џавелин“ на Косово

Американскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на 246 противтенковски проектили „Џавелин“ на Косово, за проценета вредност од 75 милиони долари, соопшти Пентагон. Ваквата најава доаѓа веднаш по изјавите на Вучиќ дека во време кога сите се вооружуваат Србија нема да заостане на тој пат.

„Во регионот сите се вооружуваат. Наше е да не заостануваме. И не заостануваме. Ќе го видите тоа наскоро“, истакна Вучиќ коментирајќи ја изјавата на францускиот премиер дека вооружувањето на Франција е негов приоритет.

Сепак, по најавите на Пентагон за вооружување на Косово напредно технолошки проектили српскиот претседател нагласува дека неговата земја ќе продолжи да се однесува одговорно и да придонесува за стабилноста на Балканот, како и да работи на зачувување на српско-американските односи и покрај тоа што САД го прифатиле барањето на Косово.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе