Вести Свет

Почина сестрата на Фидел Кастро – Хуанита, која соработуваше со ЦИА и беше противник на комунизмот

Хуанита Кастро, сестрата на кубанските владетели Фидел и Раул Кастро, која соработуваше со ЦИА против комунистичката влада на нејзините браќа, почина во Мајами на 90-годишна возраст. Флорида беше нејзиниот дом веднаш по бегството од Куба пред речиси 60 години, пишува Гардијан.

Новинарката Марија Антониета Колинс, која беше коавтор на книгата на Хуанита Кастро од 2009 година, „Фидел и Раул, моите браќа“, напиша на Инстаграм дека Хуанита починала во понеделникот.

„Хуанита Кастро беше пред нас на патот на животот и смртта, извонредна жена, неуморен борец за прашањето за мојата Куба што толку многу ја сакам“, објави Колинс.

Кубанската влада и медиумите до вчера не ја споменаа смртта на Хуанита Кастро.

Во својата книга, антикомунистката Хуанита Кастро напишала дека почнала да соработува со ЦИА веднаш откако САД ја спречиле инвазијата во Заливот на свињите во 1961 година.

Таа првично ги поддржуваше напорите на нејзините постари браќа да го соборат диктаторот Фулгенсио Батиста, собирајќи пари и купувајќи оружје. Таа беше разочарана кога, по преземањето на власта во 1959 година, Фидел стана тврдокорен комунист и ги избрка оние што не се согласуваа со него од неговата влада.

Сопругата на бразилскиот амбасадор во Куба ја убедила да се сретне со офицер на ЦИА за време на патувањето во Мексико Сити во 1961 година. Од тогаш почнува соработката со ЦИА на кои им праќала скриени пораки и документи.

Хуанита останува во Куба се до смртта на нивната мајка, верувајќи дека тоа ја заштитило од целосниот гнев на Фидел. Хуанита бега од Куба следната година, откако Раул и помогнал да добие виза за Мексико. Никогаш повеќе не ги видела своите браќа.

„Не можам повеќе да останам рамнодушен на она што се случува во мојата земја. Моите браќа Фидел и Раул го направија огромен затвор опкружен со вода. Народот е прикован на крстот на тортурата наметнат од комунизмот“, им рече Хуанита на новинарите во Мексико во 1964 година.

Хуанита Кастро подоцна помогна да се основа непрофитна организација поддржана од ЦИА која работеше против владата на Кастро. Таа на крајот се населила во Мајами, каде што водела аптека во Мала Хавана и станала почитувана членка на кубанско-американската заедница. Таа стана американски државјанин во 1984 година.

Фидел Кастро почина во 2016 година на 90-годишна возраст, а Раул има 92 години и се пензионираше. Најстариот брат Рамон почина истата година како и Фидел, на 91-годишна возраст.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе