Вести Свет

СО СЕКОЈ ТЕЛЕФОНСКИ ПОВИК РАСТЕ ОЧАЈОТ НА СЕМЕЈСТВАТА НА КИДНАПИРАНИТЕ ИЗРАЕЛЦИ

 

Додека операцијата на двете вооружени страни продолжува да се води деноноќно, семејствата на израелските заложници кои се’уште се во рацете на Хамас велат дека живеат во пекол. До денеска немаат никакви информации за тоа дали нивните блиски се живи или мртви.

Алмог Меир е само еден од 240 луѓе кои од музичкиот фестивал на 7-ми октомври беа киднапирани од Хамас и одведени во Газа. Неговата мајка, низ болен плач, раскажува за првиот телефонски повик кој го добила од својот син.

Мамо насекаде има пукање и ракети. Веќе не знам ни што се случува. Мислам дека ќе те бараат секој половина час. Мамо те сакам! – изјави Алмог Меир- во телефонски повик до својата мајка

По овој повик за Орит Меир следува пекол…неверување…болка и немоќ. Хамас им испратиле и видео кое и го зголемил ужасот.

 Веднаш го препознав син ми. Лежеше на подот со уште четворица момци, рацете му беа на лицето. Беше уплашен, уплашен. Во овој момент мојот живот е уништен. Овој ноќен кошмар за нас е реалност. – изјави Орит Меир- мајка на грабнатиот Алмог Меир

Семејството на грабнатиот Алмог е едно од многуте кои цел месец живеат во неизвесност, но и разочараност од израелската влада од каде се чувствуваат предадено, затоа што досегашната борба се’ уште не им ги донела нивните деца дома. Решаваат јавно да говорат и да сторат се’.

Подготвени сме да сториме се што треба за да ги вратиме дома. Ќе потпишеме договор со ѓаволот, ако треба…сега, се што не засега е да ги вратиме дома. – изјави Илаи Давид брат на грабнатиот Евиатер Давид

Повиците од овие семејства нема да прекинат. Ги повикуваат сите кои можат да им помогнат да ја исполнат нивната “животна мисија” –  да ги ослободат своите најблиски од рацете на Хамас.

Мила Тодоровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе