Вести Свет

Германија го повлекува ПВО системот „Патриот“ и 300 свои војници од Полска

Германија ќе повлече три батерии на ПВО системот „Патриот“ од Полска по, речиси, една година, откако беа распоредени во земјата, соопшти министерството за одбрана во Берлин.

Заедно со системот „Патриот“, во полскиот град Замошч, кој се наоѓа на 50-тина километри од границата со Украина, беа распоредени и околу 300 германски војници, со цел на заштита на градот на југот на Полска и важната железничка врска со Украина, пренесува „Ројтерс“.

Германија испрати систем „Патриот“, откако украинска ракета залута во ноември лани и го погоди селото Пржеводов. Инцидентот предизвика стравувања дека војната во Украија би можела да се прелее во Полска.

Германското министерство во август најави дека е малку веројатно оти системот „Патриот“ ќе остане во Полска по Нова година, бидејќи треба да биде на располагање на силите на НАТО за брз одговор во текот на 2024 година или да биде испратен на одржување.

Во соопштението се наведува дека германските војници во петок ќе завршат со сите свои операции во Полска и од наредната недела ќе почнат со преместување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе